• петок, 05 декември 2025

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, за Кочани ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за Влатко Грозданов

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, за Кочани ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за Влатко Грозданов

Скопје, 10 септември 2025 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги објави кандидатите за градоначалници за уште шест општини. За Кисела Вода, кандидат за градоначалник е Бети Стаменковска-Трајковска, а за Кочани, како што беше соопштено вечерва, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обедини околу натпартискиот кандидат доктор Влатко Грозданов. 

За Старо Нагоричане, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Мирослав Славковски, за Дојран - Илија Пендов, за Долнени - Сашко Велјановски и за Ранковце - Даниел Павловски. 

Марија Митева, член на Извршниот Комитет на партија вечерва изјави дека сите кандидати за градоначалници се избрани на транспарентен начин и дека убедливо воделе на сите внатрепартиски анализи. 

- ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за локалните избори како никогаш досега. Сите кандидати се избрани на транспарентен процес. Секој е чесен, познат и почитуван од средината во која живее. Тие се луѓе кои имаа енергија за работа и се псоветени за развој на општините, рече Митева на прес-конференција по седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. ев/бак/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан