• понеделник, 23 декември 2024

Бесплатно разгледување на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

Бесплатно разгледување на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

Скопје, 24 февруари 2024 (МИА) - Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници по повод Светскиот ден на туристички водичи денеска организира бесплатно разгледување на Град Скопје.

Разгледувањето на главниот град ќе се одржи во два термина, со почеток во 12 и во 13 часот. Почетна точка е пред Спомен-куќата на мајка Тереза.

-Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно-историските знаменитости на Град Скопје може да присуствуваат. Ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме Денот на туристички водичи, стои во соопштението.

Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници ќе организира бесплатно разгледување и на Охрид и Битола. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан