• сабота, 23 ноември 2024

Бесплатни училишни униформи за 6800 ученици од Општина Гази Баба

Бесплатни училишни униформи за 6800 ученици од Општина Гази Баба

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Општина Гази Баба обезбеди бесплатни училишни униформи за сите ученици кои го следат образовниот процес во општинските основни училишта на нејзината територија. Со проектот се опфатени 6800 ученици кои добиваат сет на бесплатни училишни униформи, кој содржи две поло маици, една блуза со долг ракав и еден дуксер.

- Овој проект првпат се имплементираше во општина Гази Баба минатата година и претставува реализирано ветување од изборната програма на актуелниот градоначалник Бобан Стефковски. За реализираниот проект, градоначалникот Стефковски истакна дека е од голема важност за општината и е посебно среќен бидејќи учениците се ослободени од предрасудите и на сите нив им останува единствено обврската да се посветат на совладување на материјалот кој им се предава од страна на наставниот кадар, стои во соопштението.

Општина Гази Баба, како што се наведува, продолжува со реализација на проекти кои ќе обезбедат поквалитетно образование и воспитание на децата. 

Вредноста на проектот е 14.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба. мд/дма/

Општина: Гази Баба 

Остани поврзан