• недела, 28 јули 2024

Бесплатен превоз за време на „Бела ноќ“

Бесплатен превоз за време на „Бела ноќ“
Скопје, 29 септември 2022 (МИА) - ЈСП Скопје информира дека и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“.  -Право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани во период од 18 часот во сабота (1.10.2022 год) до 05 часот во недела (2.10.2022 год), соопштуваат од ЈСП Скопје.  Оттаму потсетуваат дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk). ир/са/  

Остани поврзан