Бесплатен влез за натпреварот на македонските ракометарки со Украина
- Ракометната федерација на Македонија донесе одлука влезот на претстојниот бараж натпревар за Светското првенство на женската репрезентација со Украина да биде слободен.
Скопје, 4 април 2023 (МИА) – Ракометната федерација на Македонија донесе одлука влезот на претстојниот бараж натпревар за Светското првенство на женската репрезентација со Украина да биде слободен.
Натпреварот ќе се игра на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонските ракометарки заслужуваат поддршка од трибините и затоа РФМ апелира на што поголема посетеност.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски ветуваат максимално залагање и голема борба за остварување што подобар резултат.
Реваншот на кој Украинките формално ќе бидат домаќинки ќе се игра на во Унгарија на 11 април. зс/