Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети во Охрид
- Во насока на поголема промоција на културното наследство на Охрид и Охридскиот регион и подигање на културната и јавна свест, денеска по повод 18 Maj, Меѓународниот ден на музеите влезот за посетители во сите објекти под надлежност на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид“ ќе биде бесплатен.

Охрид, 18 мај 2024 (МИА) – Во насока на поголема промоција на културното наследство на Охрид и Охридскиот регион и подигање на културната и јавна свест, денеска по повод 18 Maj - Меѓународниот ден на музеите нема да се наплаќа за влез за посетителите во сите објекти под надлежност на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид“.
-Влезот во археолошките локалитети и во музејските објекти Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште, Куќа на Робевци и Галерија на икони влезот за сите посетители ќе биде бесплатен, информираат од Установата.
Од „Охридскиот завод и музеј“ се повикуваат сите кои се во можност, а посебно помладите генерации да ја искористат оваа прилика да се запознаат со значајното културно наследство со кое располага Охрид. аб/дма/
Фото/МИА