• недела, 22 декември 2024

Бесими: Сетот мерки изнесува околу 400 милиони евра

Бесими: Сетот мерки изнесува околу 400 милиони евра

Скопје, 9 март 2022 (МИА) - Сетот на мерки што денеска го презетираше Владата има финансиски импликации во висина од околу 400 милиони евра. Од нив, како што појасни министерот за финансии Фатмир Бесими, 90 милиони евра се откажување од приходи, а околу 310 директни фискални расходи.

-Меѓутоа, бидејќи во самиот сет мерки има, покрај краткорочни, и среднорочни што ќе значат подобрување на структурата на нашата економија и стопанството. За да може да опстане при вакви услови таму има дополнителен ефект со мобилизирање на капитал од приватниот сектор, односно комерцијалните банки и очекуваните ефекти од овие мерки се некаде 500 милиони евра во економијата. Значи, повеќе отколку што се директните и индиректните фискални трошоци или фискалната импликација за овој пакет кој реков дека изнесува 400 милиони евра, појасни Бесими во одговор на новинарако прашање на прес-конференцијата на која беше презентиран пакетот мерки.  

Прашан дали Владата размислува за издавање нова еврооврзница министерот Бесими истакна дека се пррават анализи кога би било најдобро тоа да се направи.

-Во однос на еврообврзницата веќе се прават сите подготовки, како и минатата година да се согледаат најповолниот период кога тоа би било за евентуално да се задолжиме. Во моментот тоа не е единственото прашање во смисла на финансирање на Буџетот. Во Буџетот има доволна ликвидност, има резерви коишто уште од минатата година се пренесени во оваа година. Значи, од тој аспект на приходи, како што беше презентирано и претходно во оваа прилика, значи приходите се реализираат согласно планот. Имаме подобра реализација на даноците во однос на 2020, 2021, во однос на 2019 година. Според планот, досега имаме реализација на сите приходи – даночни придонеси, увозни, така во тој дел од аспект на ликвидноста сите овие мерки што ги преземаме се изводливи во рамките на тоа што се потребите и рокот на имплементација на мерките, рече Бесими. 

Прашан дали наскоро ќе има ребаланс тој истакна дека вообичаена пракса е да има ребаланс во текот на годината, особено во услови на криза како сега.

 -Ние денес зборувавме за мерките и начинот на финансирање од кои дел се предвидени во Програмата, дел се прават со реалокации од овие средства, и дел од тие коишто се подолгорочни, пообемни ќе се реализираат со ребаланс и реалокација кога ќе се укаже потреба за тоа, но ребалансот и ликвидноста на Буџетот се две различни работи. Од аспект на ликвидноста сакам уште еднаш да кажам, Буџетот во досегашниот период апсолутно немал никакви проблеми во испорачувањето на тоа што се редовни плати на администрацијата, од тоа што значат редовни  исплаќања на пензии од страна на Фондот за пензиско осигурување, тоа што значи здравствено осигурување и сите други потреби што се тековни за извршување од страна на Буџетот на РСМ, истакна министерот Бесими на прес-конференцијата. сст/ац/

Остани поврзан