Бесими: Даночните реформи не почнуваат сега, има акциски план 2021/2025
- Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва изјави дека даночните реформи не почнуваат сега, тие се дел од програмата на Владата и се дел од стратегијата за реформи на даночниот систем што е
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) – Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва изјави дека даночните реформи не почнуваат сега, тие се дел од програмата на Владата и се дел од стратегијата за реформи на даночниот систем што е усвоен во декември 2020.
Тајмингот, во однос на имплементацијата, би бил транзициски, не значи дека сè што се разговара сега ќе се примени од 1 јануари па натаму, затоа е јавната дебата, изјави тој Бесими, одговарајќи на новинарско прашање дали сега е вистински момент за даночни реформи, во вечерашното гостување на Телевизија 24.
- Реформата е поширока од тоа што сега се дискутира, има акциски план 2021/2025. Значи не почнува денеска, од аспект на кризата, затоа отвораме расправа, зошто сакаме да ги слушнеме сите засегнати страни. Важно е во квалитетот на овие реформи да има инклузивност во самиот процес, рече тој.
Како што изјави министерот, на 1 јануари 2023 година, прогресивниот данок на личен доход стапува на сила, како и оданочување на депозитите и данокот на капитална добивка.
Бесими истакна дека главната цел на реформите не е само фискалните приходи од тие реформи, туку и правичноста на тие реформи. ар/нд/