• сабота, 23 ноември 2024

Бесими: Годишната заштеда за осмата еврообврзница изнесува 12 милиони евра

Бесими: Годишната заштеда за осмата еврообврзница изнесува 12 милиони евра
Скопје, 23 јули 2021 (МИА) - Со репрограмирање на каматната стапка од 3,975 отсто за еврообврзница 3 на историски најниската каматна стапка од 1,625 отсто за осмата еврообврзница, годишната заштеда по основ камата изнесува 12 милиони евра, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на својот Фејсбук.
- Денеска успеавме да докажеме дека буџетот е ликвиден. Денеска извршивме исплата на 500 милиони евра за еврообврзницата од 2014 година за која годишно плаќавме камата од 20 милиони евра, а со Еврообврзницата земена во март годинава каматата е осум милиони евра. Со репрограм на каматната стапка од 3,975 птсто за Еврообврзница 3 на историски најниската каматна стапка од 1,625 отсто за осмата Еврообврзница годишната заштеда по основ камата изнесува 12 милиони евра, напиша Бесими.
Ова е исклучително важно, посочува Бесими во објавата, за да создадеме јасна слика во каква кондиција е буџетот и како ги менаџираме сите пророграми што се предвидени во време на криза. Тој потенцира дека со ребалансот се зголемува поддршката за справување со Ковид (здравство, социјално загрозени категории и стопанство) и се зголемуваат капиталните расходи. фф/нд/

Остани поврзан