Беса одлучи кои членови ќе бидат кандидати за пратеници
- Движењето Беса вечерва ги определи кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори. Одлуките се донесени на состанок на Централното собрание во Тетово.

Тетово, 8 март 2020 (МИА) - Движењето Беса вечерва ги определи кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори. Одлуките се донесени на состанок на Централното собрание во Тетово.
-Се разговараше за политичката состојба и кандидатите за пратеници. На оваа средба беше изгласан и списокот на кандидати за пратеници во изборните единици, информира Беса преку нивната страница на социјалната мрежа Фејсбук.
Во Изборна единица 1 кандидати се Кастриот Реџепи и Јонуз Фејзулах. Во двојката Бастри Бајрами и Шенаси Геладини. Мелинда Рашиди е единствен кандидат за пратеник во ИЕ 5. Најмногу кандидати за пратеници има за шестата изборна единица: Билал Касами, Фадил Зендели, Хатије Етеми ,Абдуш Демири, Фатлинда Јаја, Фатмир Сабриу, Флори Синани, Исеин Ајдари и Аднан Азизи.ас/лв/
