• сабота, 06 декември 2025

Бернардески е подготвен на намалување на платата за да се пресели во Јувентус

Бернардески е подготвен на намалување на платата за да се пресели во Јувентус

Рим, 26 декември 2023 (МИА) - Играчот од средниот ред на Торонто, Федерико Бернардески сака да се врати во Јувентус. Дваесет и деветгодишниот фудбалер е подготвен да прифати намалување на платата за да се врати во клубот од Торино.

Според новинарот Николо Шира, Бернардески не е приоритетна цел на Јувентус и ќе биде ангажиран само доколку клубот не успее да ги постигне своите главни цели.

Минатата сезона во МЛС, Италијанецот на 31 натпревар за канадскиот тим постигна пет гола и две асистенции. 

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Бернардески на петѕ милиони евра.

Бернардески играше за Јувентус од 2017 до 2022 година кога го напушти клубот како слободен играч и замина во Торонто. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан