• сабота, 21 декември 2024

Беретини назначен за амбасадор на Саудискиот инвестициски фонд

Беретини назначен за амбасадор на Саудискиот инвестициски фонд


Ријад, 10 декември 2024 (МИА) – Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија (ПИФ) го назначи италијанскиот тенисер Матео Беретини за свој тениски амбасадор, улога во која Италијанецот ќе се обиде да помогне во негувањето на следната генерација играчи и да го подигне спортот на глобално ниво.
Саудискиот фонд во државна сопственост изминатите месеци направи крупни чекори во тенисот, потпишувајќи се како официјален партнер за АТП и ВТА рангирањето, како и партнер на неколку турнири.
„Една од моите улоги е да ја инспирирам следната генерација, младите, децата“, изјави поранешниот шести играч во светот во видео објавено на социјалните мрежи.
„Заедно со ПИФ ќе можам да го направам тоа. Ова е една од најголемите работи што можам да ги направам“, порача Беретини.
Во јануари годинава, Шпанецот Рафаел Надал беше именуван за амбасадор на Саудиската тениска асоцијација, а Шпанецот рече дека сака да помогне во обуката на децата и да го зголеми интересот за овој спорт.
Беретини, кој претходно играше на тенискиот куп во Ријад во 2022 година, исто така, ќе промовира инклузивност и ќе создаде можности на сите нивоа на спортот, се вели во соопштението на ПИФ. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан