• вторник, 24 декември 2024

Бербок: Францускиот предлог за старт на преговорите со Скопје е можност што не треба да се пропушти

Бербок: Францускиот предлог за старт на преговорите со Скопје е можност што не треба да се пропушти
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Искористувањето на оваа можност е од врвен стратешки интерес и на Европската Унија и на Северна Македонија. Сега е време да се оди напред, објави на Твитер германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, коментирајќи го францускиот предлог за деболкирање на европскиот пат на земјава.
- Западен Балкан е во срцето на Европа и блиску до моето срце. Нивната иднина мора да лежи во ЕУ. Компромисот што го претстави француското претседателство за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија е можност што не треба да се пропушти, објави на својот Твитер профил германската министерка. аа/сп/

Остани поврзан