• среда, 27 ноември 2024

Бербок: Русија се обидува да предизвика глобална криза со глад

Бербок: Русија се обидува да предизвика глобална криза со глад
Берлин, 14 мај 2022 (МИА) - Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека Русија блокирајќи го извозот на житарки од Украина се обидува да предизвика глобална криза со глад. Таа додаде дека околу 25 милиони тони жито е заглавено во украинските пристаништа, кое му е „итно потребно на светот“. Бербок, обраќајќи се на крајот на тридневниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-7 во Германија, истакна дека Групата седум најразвиени земји итно бара алтернативни патишта за извоз на украинското жито. ми/

Остани поврзан