• вторник, 24 декември 2024

Бербок: Лажните референдуми на делови од Украина се спротивност на слободни и фер избори

Бербок: Лажните референдуми на делови од Украина се спротивност на слободни и фер избори
Берлин, 29 септември 2022 (МИА) - Лажните референдуми, одржани на делови од Украина, се спротивност на слободни и фер избори, смета германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Таа тврди дека на тие референдуми, за да гласаат, луѓе биле носени од станови и од работни места со закана со оружје. - Тоа е спротивност на слободни и фер избори, нагласи Бербок. Како што истакна министерката, „сè додека постои руски диктат во окупираните региони, граѓаните таму не се ниту слободни, ниту безбедни“. бд/сд/

Остани поврзан