• сабота, 23 ноември 2024

Бербок го обвини Путин за терор насочен врз украинските цивили

Бербок го обвини Путин за терор насочен врз украинските цивили

Киев, 21 мај 2024 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го обвини рускиот претседател Владимир Путин за терор насочен врз инфраструктурата и цивилното население во Украина.

„Фактот дека овој терор врз инфраструктурата продолжи и по зимата покажува дека рускиот претседател сака да ја уништи земјата, сака да ги уништи животите на луѓето овде“, рече Бербок денеска за време на посетата на една од најголемите електрани во Украина.

Таа беше информирана од украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко за ситуацијата во електраната, која беше уништена минатиот месец.

Галушченко рече дека Русија истрелала вкупно 11 проектили на локацијата. Од нив, само шест беа соборени од украинскиот систем за противвоздушна одбрана бидејќи немаше повеќе на располагање противвоздушни ракети.

Германската министерка апелираше „до меѓународните партнери ширум светот дека треба да се зајакне воздушна одбрана за да ги заштитат не само големите градови, туку и инфраструктурата“.

„Дури и во топлите пролетни денови, снабдувањето со електрична енергија во Украина мораше да се намали бидејќи централните електрани на јаглен беа погодени од целни напади“, рече Бербок. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан