• сабота, 16 ноември 2024

Бербок ги повика Израел и Палестинците да ги обноват разговорите

Бербок ги повика Израел и Палестинците да ги обноват разговорите
Рамала, 10 февруари 2022 (МИА) – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ги повика Израел и Палестинците да ги обноват мировните преговори кои со години мируваат, за време на посетата на Рамала на Западниот Брег. - Германија е подготвена да им понуди помош на двете страни, рече Бербок на состанокот со Ријад ал Малики, министер за надворешни работи на Палестинската национална управа. - Среќна сум што замрзнатите односи во последните години се чини дека се надминати до одреден степен, рече Бербок во врска со почетните чекори за градење доверба преземени од новата израелска Влада во однос на Палестинците, јави ДПА. Ал-Малики го истакна отсуството од израелската страна во моментов како партнер за нова рунда мировни преговори, бидејќи израелскиот премиер Нафтали Бенет го отфрла решението на две држави. - Се надеваме дека Германија ќе го убеди Израел да седне со нас на маса, рече тој. јт/

Остани поврзан