• сабота, 31 август 2024

Бен Симонс ќе биде подготвен да игра во случај на продолжување на сезоната

Бен Симонс ќе биде подготвен да игра во случај на продолжување на сезоната
Филаделфија, 21 април 2020 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс ќе биде подготвен да влезе на теренот доколку продолжи сезоната на сезоната 2019/20. Оваа информација доаѓа од инсајдерот на „ЕСПН“ во НБА, Џеки Мекмалан. Симонс пропушти голем дел од регуларната сезона поради проблеми со грбот. Се очекуваше дека тој ќе се опорави за плејофот 2020. Мекмалан забележува дека во моментот, Австралиецот е пред комплетна рехабилитација од повредата. зс/

Остани поврзан