• петок, 08 ноември 2024

Бензема нема ништо против да ја заврши кариерата во Лион

Бензема нема ништо против да ја заврши кариерата во Лион
Мадрид, 17 април 2020 (МИА) - Напаѓачот на Реал, Карим Бензема истакна дека станал фудбалска ѕвезда благодарение на родниот Лион. Напаѓачот ги бранеше боите на фудбалскиот клуб Лион од 2004 до 2009 година, по што се пресели во Мадрид. - Станав она што сум денес благодарение на Лион. Сега за сега не размислувам да се вратам, затоа што сакам да продолжам да ја пишувам приказната со Реал Мадрид, најдобриот клуб во светот. Потоа, којзнае. Да ја завршам кариерата во Лион? Зошто не? – изјави Бензема. Триесет и двегодишниот Бензема во моментов е прв избор во нападот на „кралскиот клуб“, но неговото место може да биде доведено под прашање доколку се остварат најавите за доаѓање на Пол Погба и Aрлинг Холанд во шпанскиот фудбалски мадридскиот гигант. зс/

Остани поврзан