Белингем го освои трофејот „Ди Стефано“
- Фудбалерот од средниот ред на реал Мадрид, Џуд Белингем го освои трофејот Алфредо ди Стефано за сезоната 2023/24.

Мадрид, 12 ноември 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на реал Мадрид, Џуд Белингем го освои трофејот Алфредо ди Стефано за сезоната 2023/24.
Оваа награда се доделува на најдобриот фудбалер во шпанското првенство. Победникот го избира шпанскиот спортски весник „Марка“.
Минатата сезона Белингем одигра 28 натпревари во Примера, постигнувајќи 19 голови и шест асистенции.
Со текот на годините овој трофеј го добија Лионел Меси, кој наградата ја освојуваше рекордни седум пати, Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Раул. зс/
Фото: ЕПА