• сабота, 16 ноември 2024

Белгија ќе прераспореди воен персонал склон кон екстремизам

Белгија ќе прераспореди воен персонал склон кон екстремизам

Брисел, 26 јуни 2024 (МИА) - Лицата во вооружените сили на Белгија кои се склони кон акти на екстремизам ќе бидат прераспределени на други државни работни места. Ова го објавија локалните медиуми, повикувајќи се на говор на министерот за одбрана Лудивин Дедондер.

Се додава дека на секои пет години ќе се воведува темелна проценка. Според министерот, секој случај ќе се оценува независно.

Во последниве години, во земјата станаа познати неколку случаи во кои активен и поранешен воен персонал упатувал закани до водечките јавни личности, вклучувајќи го и премиерот Александар де Кро.

Извештаите укажуваат дека во белгиската војска има екстремни десничарски екстремисти кои претставуваат дополнителна опасност бидејќи биле обучени да користат насилство и оружје, наведуваат локални медиуми, пренесе БТА. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан