• сабота, 23 ноември 2024

Белгија трет ден под руски кибер напади, премиерот Де Кро уверува дека нема да има влијание на изборите в недела

Белгија трет ден под руски кибер напади, премиерот Де Кро уверува дека нема да има влијание на изборите в недела

Брисел, 9 октомври 2024 (МИА) - Белгија денеска трет ден по ред е подложена на кибер напади од руски хакери, објавија локалните медиуми. Повторно погодени електронските страници на општинските институции.

Белгискиот премиер во оставка Александер де Кро увери дека откриените прекршувања нема да имаат влијание врз организацијата на општинските избори в недела. Според него, Белгија има доволно добра кибер одбрана.

Медиумите јавуваат дека утринава руската хакерска група NoName057 објавила список од осум општини чии веб-страници беа погодени во последните часови. Во понеделникот и вторникот, руските хакери успеаја да ги затворат општинските и државните веб-страници, вклучително и онаа на Федералниот парламент. Експертите цитирани во медиумите признаа дека целта на овие акции е да се сее недоверба во организацијата на претстојните избори, но прецизираа дека досега штетата „е безопасна“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан