• вторник, 24 декември 2024

Белгија истражува дали нејзино оружје е користено во нападите во Русија

Белгија истражува дали нејзино оружје е користено во нападите во Русија

Брисел, 5 јуни 2023 (МИА) - Белгија ќе побара од Украина да ги објасни извештаите дека проукраинските сили користеле пушки од белгиско производство во борбите со руските војници на руска територија, изјави денеска белгискиот премиер Александар Де Кро.

„Вашингтон пост“ во саботата објави дека диверзаните против Кремљ, кои во мај извршија прекуграничен напад од Украина во рускиот регион Белгород, користеле тактички возила доставени до Украина од САД и Полска и пушки произведени во Белгија и Чешка.

-Нашето Министерство за одбрана и неговите разузнавачки агенции почнаа истрага и бараат информации за да се утврди што точно се случило, изјави Де Кро за белгиското Радио 1.

„Европското оружје и се доставува на Украина под услов да се користи на украинска територија со цел да се одбрани таа територија. И имаме строги контроли за да се увериме дека тоа е така“, рече тој.

Де Кро одби да коментира за можните последици доколку се потврдат пишувањата на весникот.

-Не смееме да избрзуваме, рече белгискиот премиер и додаде „но, ние ја анализираме ситуацијата и го сфаќаме ова многу сериозно“. сд/

Остани поврзан