• петок, 05 декември 2025

Белгија без повредениот Куртоа ќе ги заврши мундијалските квалификации

Белгија без повредениот Куртоа ќе ги заврши мундијалските квалификации


Брисел, 10 ноември 2025 (МИА) – Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, има повреда на бутниот мускул и нема да биде во составот на Белгија за двата завршни натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026, објави денеска шпанскиот весник „Марка“.
Белгискиот голман одигра 90 минути во неделниот натпревар против Рајо Ваљекано, но медицинските тестови по натпреварот покажаа повреда на мускулот на десниот бут.
Куртоа ќе ги пропуши мундијалските квалификациски дуели против Казахстан (15 ноември) и Лихтенштајн (18 ноември).
Белгија е првопласирана на табелата во групата Ј со 14 бодови, еден повеќе, но и натпревар помалку од македонската репрезентација на второто место. Велс е третопласиран со 10 бодови о шест натпревари, пред Казахстан, со седум бодови и Лихтенштајн без освоен бо .ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан