• недела, 22 декември 2024

Белгискиот премиер „шокиран“ од подметнување пожари во училиштата поврзани со сексуално образование

Белгискиот премиер „шокиран“ од подметнување пожари во училиштата поврзани со сексуално образование

Брисел, 14 септември 2023 (МИА) - Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска изјави дека е „длабоко шокиран“ од серијата подметнати пожари во училиштата поврзани со протестите против задолжителните часови за сексуално образование.

„Нашите училишта мора да бидат безбедно место за сите наши деца“, рече Де Кро во видеото објавено на Фејсбук.

„Пристапот до сексуалното образование не може да се доведе во прашање. Тоа ги прави нашите деца еластични и е основа за добро сексуално здравје“, додаде тој.

Претходно овој месец, Парламентот за белгиските региони каде што се зборува француски усвои предлог двочасовните курсеви за сексуално образование да бидат задолжителни за учениците на возраст од околу 11 и 15 години, пишува новинската агенција Белга.

Четири училишта беа запалени во вторникот вечерта, а обвинителите ги поврзаа инцидентите со протестите, бидејќи на местата беа пронајдени графити со слогани против реформите, објави Белга.

Петтото училиште изгоре во средата навечер, но не беа пронајдени графити поврзани со протестите, соопштија обвинителите.

Протестите се поттикнати од дезинформации кои кружат на социјалните мрежи, вклучително и неосновани тврдења дека учениците ќе научат како да мастурбираат на новите курсеви, објави белгискиот јавен сервис РТБФ. паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан