• петок, 05 декември 2025

Белгискиот министер за одбрана потврди дека се забележани нови дронови над воена база

Белгискиот министер за одбрана потврди дека се забележани нови дронови над воена база

Брисел, 29 октомври 2025 (МИА) - Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен денеска потврди дека се забележани повеќе беспилотни летала над воена база во земјата, јави ДПА.

„Синоќа повеќе беспилотни летала беа повторно забележани над Марш-ан-Фамен“, напиша Франкен на платформата X.

Полицијата и разузнавачките служби спроведуваат истрага за инцидентот, додаде министерот, пренесен од германската агенција.

Франкен претходно ги потврди медиумските извештаи дека неколку дронови во саботата вечерта прелетале над воениот камп Марш-ан-Фамен.

„Тоа не беше дело на аматери, туку на вешти пилоти на беспилотни летала“, напиша тој на X.

Франкен ја нагласи потребата брзо да се купи соодветна опрема, пренесуива ДПА.

„Досието за купување е подготвено. Нема повеќе време за губење!“, изјави тој.

Белгиската влада моментално е во криза поради тешките преговори за буџетот и големите мерки за штедење.

Беспилотни летала претходно беа забележани на почетокот на октомври во близина на кампот Елзенборн.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан