Бела куќа: САД не се вклучени во експлозиите во Либан
- Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби изјави дека САД не биле вклучени во бранот експлозии што се случија во Либан вчера и денеска.
Вашингтон, 18 септември 2024 (МИА) – Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби изјави дека САД не биле вклучени во бранот експлозии што се случија во Либан вчера и денеска.
- Ние на ниту еден начин не бевме вклучени во вчерашните или денешните инциденти, изјави Кирби попладнево на брифинг.
На прашањето дали е загрижен дека експлозиите би можеле да доведат до ескалација, Кирби рече: „Сакаме да видиме крај на војната и сè што направивме од почетокот е осмислено да спречи ескалација на конфликтот“.
- САД продолжуваат да веруваат дека постои дипломатски пат напред, нагласи Кирби. јт/
Фото: МИА архива