• петок, 20 декември 2024

Бела куќа: САД нема да и испорачаат ATACMS на Украина

Бела куќа: САД нема да и испорачаат ATACMS на Украина

Вашингтон, 21 септември 2023 (МИА) – САД нема да ги испорачаат армиските тактички ракетни системи (ATACMS) како дел од новиот пакет воена помош за Украина, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Тој рече дека американскиот претседател Џо Бајден утре ќе објави нов пакет кој ќе вклучува системи за воздушна одбрана и друго оружје за да му помогне на Киев пред тешката зима.

- Американскиот лидер постојано разговара со своите воени и европски колеги, како и со самите Украинци, за тоа што е потребно на бојното поле во која било фаза од војната, рече Саливан.

Бајден одлучил дека нема да испрати ATACMS, но и не ја исклучи можноста за во иднина. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан