• сабота, 23 ноември 2024

Бела куќа: Бајден ќе отпише студентски долгови од 7,4 милијарди долари

Бела куќа: Бајден ќе отпише студентски долгови од 7,4 милијарди долари

Вашингтон, 12 април 2024 (МИА) - Владата на американскиот претседател Џо Бајден ќе отпише долг од 7,4 милијарди долари за 277.000 студенти, соопшти денеска Белата куќа.

На почетокот на овој месец, Бајден најави мерки за олеснување на студентскиот долг од кои ќе имаат корист најмалку 23 милиони Американци. Ова е клучно прашање за младите гласачи, чија поддршка му е потребна на демократскиот претседател пред изборите во ноември.

Бајден минатата година вети дека ќе најде други начини за борба против студентскиот долг, откако Врховниот суд во јуни го блокираше неговиот поширок план за отпишување долг од 430 милијарди долари.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан