• понеделник, 23 декември 2024

Белата куќа издаде предупредување поради хакерски напади врз „Мајкрософт ексчејнџ“

Белата куќа издаде предупредување поради хакерски напади врз „Мајкрософт ексчејнџ“
Вашингтон, 6 март 2021 (МИА) - Белата куќа издаде предупредување поради хакерски напади врз системот за електронска пошта „Мајкрософт ексчејнџ“ (Microsoft Exchange). - Ова е активна закана. Сите кои ги користат нивните сервери, од Владата и образовните институции до приватниот сектор, мора да бидат внимателни, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. „Мајкрософт“ потврди дека хакери ги искористиле нивните сервери за да нападнат свои мети, а се претпоставува дека на удар се десетици илјади организации. Според американските медиуми зад хакерскиот напад стои Кина. САД подолго време ја оббвинува Кина за кибер шпионажа, додека Пекинг негира. ми/

Остани поврзан