Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
Вашингтон, 10 мај 2024 (МИА) - САД повторно изразија загриженост за израелскиот напад врз Рафа, но нагласија дека се уште нема голема операција и дека се уште ја задржуваат можноста за договор за прекин на огнот.
„Очигледно гледаме со загриженост, се разбира, но не би отишол толку далеку да кажам дека она што го видовме таму во изминатите 24 часа укажува на широка, голема копнена операција“ изјави денеска портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби. зш/