Белами: Велс ќе игра свој стил на фудбал против Англија
- Селекторот на Велс, Крег Белами, очекува неговата селекција да игра напаѓачки стил на фудбал против Англија во пријателскиот натпревар.
Лондон, 9 октомври 2025 (МИА) – Селекторот на Велс, Крег Белами, очекува неговата селекција да игра напаѓачки стил на фудбал против Англија во пријателскиот натпревар.
- Тука сме да играме свој стил на фудбал на неверојатен стадион како „Вембли“. Значи, за нас, ова е возбудлив натпревар, но не сме тука како туристи за да уживаме во настанот, туку да станеме најдобрата верзија од себе, а тоа ни овозможува да уживаме и да се забавуваме во исто време. Секако, ваква победа би ни помогнала, но квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 во понеделник ќе одлучи сè. Имаме играчи кои биле во слична ситуација претходно, изјави Белами за „Гардијан“.
Велс не ја победил Англија од 1984 година. Ова ќе биде првата средба меѓу тимовите од Светското првенство 2022 година, кога Англија победи со 3:0.
Натпреварот Англија – Велс е закажан за вечер од 21 часот на „Вембли“ во Лондон. зс/
Фото: ЕПА