• сабота, 23 ноември 2024

Бектеши: Европската помош од 80 милиони евра за најранливите граѓани, микро и малите фирми

Бектеши: Европската помош од 80 милиони евра за најранливите граѓани, микро и малите фирми
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Земјава ќе ги искористи 80-те милиони евра од Европската унија најверојатно како директна поддршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите претпријатија. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, вчера се доставени предлозите од наша страна до Европската комисија (ЕК), а до утре се очекува одговор. - Вчера се доставени нашите предлози до ЕК, до утре секако дека ќе имаме одговор, а нејверојатно средствата ќе бидат директна поддтршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите компании до крајот на  прогалсената кризна состојба до крај на април, рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претставниците од пекарската индустрија. Претседателката на ЕК  Урсула Фон Дер Лајен која вчера беше во посета на земјава, на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека од пакетот помош на ЕУ за регионот, 80 милииони евра се наменети за Северна Македонија. мч/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан