• понеделник, 23 декември 2024

Бектеши: До крајот на идната недела би требало да се знае кои компании ги исполнуваат првичните услови за универзален снабдувач

Бектеши: До крајот на идната недела би требало да се знае кои компании ги исполнуваат првичните услови за универзален снабдувач

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - До крајот на идната недела би требало да има конкретен извештај и да се знае кои компании ги исполнуваат првичните услови за универзален снабдувач, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Одговорајќи на новинарски прашања пред средбата со раководството на Стопанската комора, Бектеши нагласи дека јавноста ќе биде информирана за  конкретната понуда. 

-Во однос на универзалниот снабдувач има комисија која работи во делот на евалуација на понудите и треба да достави извештај до владата кој не е доставен до овој момент кога зборуваме во однос на тоа кои компании ги исполнуваат првичните услови за да одат на аукција, имајќи предвид дека главен критериум е маржата што ќе се понуди кон државата. Ја чекаме евалуацијата, извештајот конечен од страна на Комисијата. Со Комисијата и согласно Законот за енергетика и во делот на транспарентноста која ја објавивме, од 2019 година претседава член од МАНУ со цел да биде целосно транспарентна и верувам дека до крајот на наредната недела би требало да имаме конкретен извештај бидејќи и кратки се роковите и ќе ја известиме јавноста и за конкретната понуда и на начинот како ќе продолжи понатаму, истакна Бектеши. мч/лв/

фото: МИА

Остани поврзан