• сабота, 23 ноември 2024

Беким Реџепи ќе раководи со Министерството за транспорт до изборот на нов министер

Беким Реџепи ќе раководи со Министерството за транспорт до изборот на нов министер

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - По верификацијата на пратеничкиот мандат на досегашниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, се до изборот на нов министер, со Министерството за транспорт ќе раководи заменик министерот Беким Реџепи.

Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека во овој период, согласно законските прописи, заменик министерот  Реџепи ќе ги извршува тековните активности за непречена работа на овој ресор. 

На парламентарните избори, што се одржаа минатиот месец, Бочварски беше избран за пратеник од редовите на Коалицијата предводена од СДСМ. Министерската функција ја вршеше од 31 август 2020 година, а претходно беше градоначалник на Штип. 

Реџепи е заменик министер од 23 септември 2020 година, а претходно бил член на Судскиот совет, заменик директор во КПУ „ Идризово“ – Скопје, извршен директор на АД „Енергетика Скопје “ – Скопје... лв/бак/

Фото: Влада на РСМ

Остани поврзан