• вторник, 17 декември 2024

Бекер мора во затвор

Бекер мора во затвор
Лондон, 30 април 2022 (МИА) - Германската тениска легенда Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор поради финансиски измами и ќе мора веднаш да се упати на издржување на казната, одлучи судот во Лондон. На Бекер му се закануваше седумгодишна затворска казна поради обид во стечајната постапка да затаи пари и лични скапоцености, вклучувајќи ги и тениските трофеи и недвижности. Високиот суд во Лондон прогласи личен банкрот на Бекер во пролетта 2017 година, а во рамки на спогодбата германскиот тенисер беше должен да го обелодени целиот свој имот, што тој не го стори. Во време на личниот банкрот долгот на Бекер беше проценет на 50 милиони фунти. Шесткратниот грен-слем освојувач беше обвинет по вкупно 24 точки, а прогласен за виновен по четири од нив, меѓу кои и за трансфер на пари на својата поранешна сопруга Барбара по стечајот. - Забележително беше дека не покажавте каење или прифаќање на вината, рече при читањето на пресудата судијката Дебора Тејлор, додавајќи оти Бекер половина од казната од две години и шест месеци ќе мора да ја отслужи „зад решетки“, а остатокот условно. ег/ми/

Остани поврзан