• петок, 30 август 2024

Бекам преговара со Јуве за Игуаин

Бекам преговара со Јуве за Игуаин
Мајами, 1 септември 2020 (МИА) - Сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам преговара со италијанскиот шампион Јувентус за аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин, информира „Калчо Меркато“. Како што стана јасно во неделата, поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Наполи не е во плановите на новиот тренер на „бјанконерите“ Андреа Пирло. 32-годишниот Игуаин заработува 7,5 милиони евра по сезона во Торино и не е јасно дали Бекам е подготвен да му плати барем толку за натпреварите во американската МЛС лига. Плановите на поранешниот капитен на Англија се да изгради одличен тим, полн со млади таленти и докажани играчи на европската сцена.

Тагови

Остани поврзан