Без струја утре дел од населба Злокуќани и село Љубин
- Без електрична енергија утре од 08:00 до 13:00 часот ќе останат дел од корисниците во населба Злокуќани во општина Карпош, а од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од село Љубин во општина Сарај.

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Без електрична енергија утре од 08:00 до 13:00 часот ќе останат дел од корисниците во населба Злокуќани во општина Карпош, а од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од село Љубин во општина Сарај.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД. дма/
Фото: МИА архива