Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода
- Без електрична енергија денеска неколку часа ќе бидат корисниците од општините Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода.
Скопје, 11 март 2026 (МИА) - Без електрична енергија денеска неколку часа ќе бидат корисниците од општините Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, причина за прекинот се зафати во електродистрибутивната мрежа.
Од 08:30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците на бул.„Партизански одреди“ бр. 125-2 во општина Карпош, од 9 до 13 часот дел од корисниците на ул.„Шидска“ кај менувачницата Срна во оштина Ѓорче Петров, од 9 до 14 часот дел од корисниците на ул.„Тодор Чангов“ 30 и 38 во општина Аеродром, а од 11 до 13 часот, дел од корисниците на ул.„Ѓорчи Динката“ кај Основното училиште „Кузман Шапкарев“ во Кисела Вода. рп/
Фото: МИА архива