Без победник на дуелите во Прага и Атина во Лигата на шампионите
- Првите два натпревара од денешната програма во Лигата на шампионите завршија без победник
Прага, 17.септември 2025 (МИА) – Првите два натпревара од денешната програма во Лигата на шампионите завршија без победник. Во Прага домаќинот Спарта водеше со 2:0 против Бодо Глимт, а притоа гостите од Норвешка не искористија и пенал. Но, во последните минути екипата на Бодо стигна до нерешен резултат 2:2.
На дуелот во Атина Олимпијакос и Пафос од Кипар одиграа без голови 0:0, иако гостите од 26 минута играа со играч помалку поради црвениот картон (два жолти) на Бруно. Но, тимот на Олимпијакос не ја искористи предноста.
Во терминот од 21 часот се играат натпреварите: Ајакс – Интер, Баерн – Челзи, Ливерпул – Атлетико Мадрид и ПСЖ – Аталанта.
Утре се играат последните шест натпревари од првата рунда од новата сезона. мн/
Фото: ЕПА