• петок, 05 декември 2025

Без победник на дербито меѓу Алкалоид и Вардар

Без победник на дербито меѓу Алкалоид и Вардар

Скопје, 3 мај 2025 (МИА) – Нерешено 26:26 заврши вечерашниот дерби натпревар во „Автокоманда“ меѓу Алкалоид и Вардар.

Ова беше дуел од 6. коло во плејофот во Суперлигата по кое Вардар и Пелистер се израмнија на врвот со по 13 бода.

Највисоката предност за Алкалоид изнесуваше три гола и беше остварена во почетните минути на првото полувреме, додека вардарци „прокоцкаа“ +4 во второто полувреме, па се чини дека нерешениот резултат е најреален исход.

Алкалоид е трет на табелата со девет бода и само со теоретски шанси да дојде до трофејот. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан