Без победник во најголемото дерби во турскиот фудбал
- Дерби натпреварот од 14. коло во турското фудбалско првенство меѓу Фенербахче и Галатасарај заврши вечерва нерешено 1-1, во тензичен натпревар со 34 прекршоци, седум жолти картони и инциденти пред и за време на дуелот во Истанбул.
Истанбул, 1 декември 2025 (МИА) – Дерби натпреварот од 14. коло во турското фудбалско првенство меѓу Фенербахче и Галатасарај заврши вечерва нерешено 1-1, во тензичен натпревар со 34 прекршоци, седум жолти картони и инциденти пред и за време на дуелот во Истанбул.
Галатасарај дојде во водство со голот на Лирој Сане со во 27. минута, а Џон Дуран израмни за Фенербахче во петтата минута од судиското продолжение.
Со овој бод, Галатасарај остана лидер на табелата со 33 бодови, еден повеќе од второпласираниот Фенербахче. ег
ФОТО: ЕПА