Без нови случаи на Ковид-19 во Манчестер сити, дербито со Челзи ќе се игра
- Премиерлигашот Манчестер сити соопшти вечерва дека екипата повторно тренира, откако сите резултати од последните тестирања на коронавирус во тимот се негативни.

Манчестер, 30 декември 2020 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер сити соопшти вечерва дека екипата повторно тренира, откако сите резултати од последните тестирања на коронавирус во тимот се негативни.
- Првиот тим на Манчестер сити, по консултации со Премиерлигата, денеска се врати во тренажен процес во рамки на подготовките за натпреварот против Челзи в недела, соопшти клубот од Манчестер на својот официјален веб-сајт.
Екипата на Пет Гвардиола не го одигра натпреварот против Евертон во понеделникот поради неколку заразени фудбалери со коронавирус во своите редови. ег/гт/