Без вода ул. „Методија Патчев“, „Иван Хаџиниколов“ и „Бранко Зрењанин“
- Поради дефект на затворач ф-150 мм на крстосницата „Методија Патчев“ и „Иван Хаџиниколов“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од овие две улици и од ул. „Бранко Зрењанин“.

Скопје, 11 април 2023 (МИА) - Поради дефект на затворач ф-150 мм на крстосницата „Методија Патчев“ и „Иван Хаџиниколов“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од овие две улици и од ул. „Бранко Зрењанин“.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 9:40 часот до завршување со санација на дефектот. дма/лв/
Фото: МИА архива