Без вода населба Хиподром, Трубарево, дел од Маџари и тренинг центар Ф.К.Вардар
- Без вода вечерва од 08.45 часот се корисниците од населба Хиподром, Трубарево, дел од Маџари и тренинг центар Ф.К.Вардар. Причина за прекинот е дефект на ул.„Ордан Поп Јорданов“ 5 во населба Маџари и во тек е негово санирање, информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

Скопје, 2 ноември 2024 (МИА) - Без вода вечерва од 08.45 часот се корисниците од населба Хиподром, Трубарево, дел од Маџари и тренинг центар Ф.К.Вардар.
Причина за прекинот е дефект на ул.„Ордан Поп Јорданов“ 5 во населба Маџари и во тек е негово санирање, информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. лв/
фото: МИА архива