Без вода населбата 11-ти Октомври
- Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект на ул.„Лазар Димитров“ бр.28 во населба 11-ти Октомври.

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Без вода денеска од 8:30 часот се корисниците од населба 11-ти Октомври.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект на ул.„Лазар Димитров“ бр.28 во населба 11-ти Октомври.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. дма/
Фото: МИА архива