Без вода корисниците од улицата „Финска“
- Без вода денеска од 11 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улица „Финска“ во Општина Гази Баба.

Скопје, 8 јануари 2025 (МИА) - Без вода денеска од 11 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улица „Финска“ во Општина Гази Баба.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка Ф-100 милиметри на улицата „Финска“ број 214.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. мд/дма/
Фото: МИА архива