• четврток, 20 февруари 2025

Без вода корисниците во селата Долно Лисице, Стајковци и дел од Бутел

Без вода корисниците во селата Долно Лисице, Стајковци и дел од Бутел

Скопје, 16 февруари 2025 (МИА) - Од ЈП Водовод и канализација - Скопје денеска информираа дека поради улични дефекти без вода ќе останат корисниците од село Долно Лисиче и во Бутел, како и корисниците од село Стајковци. 

Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица 1 бр.40 село Долно Лисиче, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од село Долно Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „АФЖ“ од 08:30 поради водоводен уличен дефект ф 150мм на ул. „АФЖ“ бр,.10,

Поради уличен дефект на улица 1 кај Дим Маркетот село Стајковци прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Стајковци, од 08:30часот до завршување на работните активности. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан