• понеделник, 19 август 2024

Без вода дел од населба Ченто

Без вода дел од населба Ченто

Скопје, 11 август 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф125мм на раскрсницата „Среќко Пужалка“ со „Јужноморавски Бригади“, денеска, од 14:50 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Среќко Пужалка“, „Јужноморавски Бригади“, местото наречено Камник и дел од улицата „Методија Андонов Ченто“, во населба Ченто, Општина Гази Баба.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. ир/ев/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан