• сабота, 07 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Без вода дел од жителите на Драчево

Без вода дел од жителите на Драчево
Скопје, 26 август 2022(МИА) - ЈП Водовод и канализација - Скопје известува дека денеска, од 13:30 часот, без вода ќе бидат дел од жителите на скопско Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради менување на вентил во шахта на улица „Иван Мештровиќ“ 7, при што без вода ќе бидат корисниците од таа улица, како и дел од улиците „Антон Димитров“, „Иван Хаџиниколов“, „Иван Мажураниќ“ и „Скендер Бег“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:30 часот до завршување со санација на дефектот. ир/аа/

Остани поврзан